ЦИК во Босна и Херцеговина распиша локални избори за 4 октомври

Централната изборна комисија (ЦИК) во Босна и Херцеговина денеска распиша локални избори за недела, 4 октомври.

ЦИК ја донесе одлуката едногласно.

Според одлуката, непосредно ќе бидат избрани 64 општински совети во Босна и Херцеговина, 56 општински Собранија во Република Српска, 120 градоначалници на општини во Босна и Херцеговина, седум градски совети во РС, 22 градоначалника во Босна и Херцеговина, како и во општината во Округот Брчко.

Изборите не беа распишани само за членовите на Градскиот совет на Мостар и беше наложено дека тоа ќе се случи кога ќе бидат исполнети сите услови.