Циклонот што предизвика поплави во Србија се вика Тамара

Метеоролошкиот сајт „Сербиа метео“ соопшти дека циклонот кој на 13 мај ја зафати Србија го доби името „Тамара“.

Сајтот наведува дека Србија од вторникот 13 мај е под влијание на циклонот Тамара кој ќе остане запаметен како најразорувачки откако во Србија се вршат мерења.

„Статистички гледано, веројатноста дека ваков циклон ќе ја зафати Србија е многу мала. Се случува понекогаш некои мали подрачја да ги зафати дожд како овој, но да зафати вака големи површини не е забележано во историјата на метеоролошките мерења кај нас,“ пишува „Сербиа Метео“.

Во Србија се можни разорни торнадан, но не се забележани освен во вид на пијавици. Па така секогаш постои можност и за ваков циклон.