Ципрас допатува повторно во Скопје, за учество на самитот на Економист за западен Балкан

До неодманешниот грчки премиер Алексис Ципрас во понеделникот доцна попладнето  по вторпат дојде во македонската Влада во Скопје, овојпат како лидер на грчката опозиција, а претходно во април како грчки премиер кој предводеше грчка владина делегација.

Во вторник се очекува заедничка панел дискусија на Ципрас со македонскиот премиер Зоран Заев на самотот на „Економист“ во Скопје, на кој е најавено присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари.

Ципрас минатата вечер имаше обраќање во Грција и рече дека е горд на постигнувањето на Преспанскиот договор и го искритикува неговиот опонент – актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис, оквалификувајќи го како „лицемер кој сега ја признава Спогодбата“ од Преспа.

Како што претходно објавија владини извори, се очекува вечерва на средбата меѓу Заев и Ципрас да се разговара за европската интеграција на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.