Ципрас го прифати барањето на европските партнери ММФ да учествува во спасувачката програма за Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Атина го прифаќа инсистирање на европските партнери дека ММФ треба да игра улога во следењето на спасувачката програма на земјата.

За време на дискусијата во рамките на Светскиот економски форум во Давос, на која учествуваше и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, Ципрас изјави дека Грција смета оти ЕУ би можела да се справи сама со програмата, но дека Атина го прифати барањето на останатите партнери да учествува и ММФ.

Имаше долга дебата, слушнавме различни гледишта. Некои партнери побараа ММФ да биде вклучен и ние се согласивме, се со цел да постигнеме договор. Сега правиме се што можеме за да го примениме овој договор, истакна грчкиот премиер.

Шојбле изјави дека германскиот и други парламенти се согласиле да и помогнат на Грција под услов ММФ да остане ангажиран во програмата и оти доколку од Бундестагот било побарано да го промени договорот, би било „како да влезеш со запалена свеќа во соба полна со динамит“