Македонија

грчкиот премиер категоричен дека со договорот за името добива само Атина Ципрас: Не се признава македонска националност, цел свет ќе ги вика граѓани на Северна Македонија

Ципрас: Не се признава македонска националност, цел свет ќе ги вика граѓани на Северна Македонија

Грчката страна само добива со договорот за името потпишан во неделата во Преспа, и со него не се признава македонска националност на што ќе мора да се придржуваат и другите држави, појаснува грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за дневниот весник Катимерини

„Ставајќи ја придавката северна пред Македонија добиваме повеќе отколку досега кога придавката ‘Бивша’ се однесуваше на Југославија, а не на Македонија… ние сепак ја нарекувавме Македонија… Овој договор ни дава повеќе од тоа…многумина не’ обвинуваат дека тргуваме со името, но јас не гледам дека со овој договор ние нешто даваме. Имаме само да земеме“, категоричен е грчкиот премиер..

На прашаето на новинарот Алексис Папахелас од Катимерини дека со договорот актуелната влада во Атина ја прифаќа македонската националност, Ципрас одговара „Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност“.

На дополнителното прашање, како ќе бидат именувани граѓаните на Република Македонија од другите земји во светот, вели дека и во овој случај Грција добила со договорот.

„Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сека ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме“, ја уверува грчката јавност Ципрас.