Ципрас порача: Грција да ги промени патните знаци со новото име Северна Македонија

187

Верувам дека наредниот период Бугарија треба да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението, порачува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, коментирајќи го последното вето од Бугарија  на евроинтеграците на С Македонија.

Ставот на Бугарија, наведува Ципрас во интервју за ТВ 24, навистина беше непријатно изненадување и за мене, бидејќи првите чекори од напорот заедно со Зоран Заев, пред да го потпишеме Договорот од Преспа, тој период Бугарија не беше негативна. Напротив, беше охрабрувачка.

–  Го разбирам разочарувањето што може да го чувствуваат граѓаните на Северна Македонија, додека гледаат дека еден договор што бараше промена на Уставот, промена на уставното име и по жртвите што ги направија граѓаните гледаат дека европската перспектива останува заматена. Верувам дека треба наредниот период, Бугарија да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението. Ќе треба да го вложи секој напор, така што ќе се најде излез и да не настојува на алтернатива без излез-вето  – рече Ципрас.

Коментирајќи ја имплементацијата на Договорот од Преспа, тој истакнува дека таа е значајна и неопходна  и оти треба да продолжи напорот во таа насока за да се задржи довербата меѓу двете страни.

– Имплементацијата на Договорот од Преспа е значајна и неопходна и треба да продолжи напорот, за да се задржи довербата меѓу двете страни. Ќе треба следниот период да се забрза промената на името на јавните субјекти во Северна Македонија, така како што јасно дефинира Договорот од Преспа. Исто така ќе треба наскоро, да продолжиме со решавање на проблемите коишто постојат во врска со трговските имиња. И да се имплементира Договорот од 2019 година, во врска со промените во школските книги во Северна Македонија! Од страна на Грција ќе треба, и таа да продолжи во реализацијата на нејзините обврски. Ќе треба наскоро да се ратификуваат двата меморандума за соработка и едниот договор – изјави Ципрас.

На крајот на краиштата заемно корисни се овие договори коишто треба да се ратификуваат од грчкото Собрание. Ќе треба да продолжи перспективата на Врховниот совет за соработка на двете земји. И се разбира промените што ги забележавте на патните знаци, бидејќи зачувувањето на довербата е значајна димензија. А, зачувувањето на довербата може да постои само преку целосна имплементација за сè она што договоривме, навремено – рече Ципрас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.