Ципрас потврди, парламентарни избори на 7 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.

Ципрас во интервју за ЕРТ телевизија изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара избори.

Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, рече 44 годишниот Ципрас кој на власт дојде во јануари 2015 година.