Ципрас телефонски разговарал со Трамп

ципрас

Ципрас му честитал на Трамп за неговата победа на изборите во САД и ги истакнал блиските врски на пријателство и соработка меѓу грчкиот и американскиот народ.

Во разговорот бил ставен акцент на клучната улога на Грција за мирот и безбедноста во регионот, особено во време на зголемена нестабилност, и биле истакнати големите напори што ги вложил грчкиот народ за да се соочи со економската и бегалската криза, се вели во соопштението.

Ципрас и Трамп ја потврдиле и важноста од зајакнување на стратешката соработка меѓу двете земји во повеќе области и се согласиле да одржуваат редовна комуникација во наредниот период.