Македонија

Ципрас: Во Отешево беше весело како на свадба

Ципрас: Во Отешево беше весело како на свадба

По враќањето на грчка територија, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека атмосферата на средбата во Отешево била многу добра и оти било весело како на свадба. На прашањето каде му е вратоврската што му ја подари македонскиот колега Зоран Заев, одговори дека ја чува, но не ја ставил на врат, објави „Независен“.

„Храната беше прекрасна, езерото убаво“, рече Коѕијас, кој додаде дека е среќен поради договорот и планира посета на Скопје.

За протестите во Грција за време на потпишувањето на договорот, рече дека се најавувале милион луѓе, а дошле околу пет илјади што е занемарливо. Според информациите, река протестанти дошле со 80 автобуси и 400 автомобили, главно од редовите на „Златна зора“.