Цистерна со гориво експлодира во тунел во Норвешка

100
Цистерна со гориво експлодира во тунел во Норвешка

Цистерна со гориво се преврте во тунел во норвешкиот регион Бременгер, испуштајќи 16.500 литри гориво. Пожарникарите се обидуваат да стигнат до уништеното возило, но моментално не може да влезат во подводниот тунел.

Несреќата се случи во тунелот Скате Стараум, кој делумно минува под вода. Тунелот, што ги поврзува Бремангерландет и Фреј со копно, е долг 1.890 метри и минува 91 метар под морското ниво.

Засега нема информации за заробени лица во тунелот, иако три лица се префрлени во болница по вдишување на чад. Неколку лица, исто така, се евакуирани од околните куќи, јавија локалните медиуми, пренесува Раша Тудеј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.