ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Непочитувањето на Уставот е непочитување на Македонија и може да претставува опасен вовед во нова практика на девалвирање на државата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди нелегалниот обид за избор на Претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се Уставот, Законите и пропишаниот Деловник. Непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и институциите, се вели во соопштението.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која расправаше за актуелната политичка состојба, информираат од партијата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди и шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат.

Само строгото казнување на ваквото антидржавно однесување ќе спречи да се повторува газењето врз Уставот и законите. За централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обидот за воспoставување на нелегални институции би направило преседан кој во иднина може да се злоупотреби, и да стане вообичаена пракса и на тој начин да се суспендира волјата на граѓаните изразена на изборите, се додава во партиското соопштение.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ испраќа апел до СДС и нејзиното раководство јасно, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.