CNN: САД оставија оружје во Авганистан вредно над 7 милијарди долари

По повлекувањето на трупите од Авганистан, САД оставиле во оваа земја воена опрема вредна во повеќе од 7 милијарди долари, пренесе во средата CNN, цитирајќи го извештајот на Пентагон за американските законодавци, во кој имале увид новинарите на телевизијата.

Во период меѓу 2005 и 2021 година, САД ѝ донирале тогашната авганистанска влада воена опрема вредна 18,6 милијарди долари, се наведува во извештајот. Се наведува дека по повлекувањето на американските трупи од Авганистан, во земјата останала опрема проценета на 7,12 милијарди долари, оружје коешто сега е во рацете на власта на талибанското движење, се наведува во извештајот на CNN.

Според телевизијата, во Авганистан останале американски авиони, воени возла, оружје, муниција, средства за комуникација и друга опрема. Американското воено раководство не планира никакви операции во Авганистан за да ја преземе или уништи оставената опрема, се вели во извештајот. Во извештајот се додава и дека за поголемиот дел од опремата е неопходно постојано одржување на опремата.

На 14-ти април 2021 година актуелниот американски претседател Џо Бајден објави дека ја потврдува одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп и да ја прекине дводецениската операција во Авганистан, којашто стана најдолгата воена кампања во американската историја.

Повлекувањето на американските трупи започна во мај 2021 година и целосно во септември истата година. На врвот на американската операција во 2010-2013 година, кога бројот на странските војници во Авганистан надмина 150.000 војници. Главните борбени единици на САД и НАТО беа повлечени од Авганистан во 2014 година.