CNN: Убиен американски платеник во Украина

EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Американскиот платеник во Украина, Вили Џозеф Кансел, кој се борел како припадник на приватна воена компанија, загинал во Украина, пренесе во петикот американската телевизиска мрежа CNN.

Според информациите добиени од Ребека Кабрера, мајката на Кансел, 22-годишниот платеник загинал во понеделникот, но досега неговото тело не било најдено.

Кон средината на март, по налог на неименуваната приватна воена компанија, Кансел ја минал полско-украинската граница како дел од гррупа луѓе „од различни земји“, се дадава во прилогот.

Кансел, кој бил жител на округот Оринџ во Њујорк пред да биде ангажиран од компанијата во Тенеси а потоа и да замине во Украина, оставил 7-месечно бебе и сопруга.

Кансел било поранешен припадник на маринскиот корпус на САД, а кога го потпишувал договорот со приватната воена компанија прво работел како обезбедување во казнено-поправна установа во сојузната држава Тенеси. Кога избувнува војната во Украина, приватната воена компанија со договор барала борци а Кансел се согласил да замине на боиштето, додала неговата мајка додавајќи дека „секогаш ги

„Тој сакаше да земине бидејќи веруваше во она за што се бори Украина и сакаше да биде дел од тоа за да не дојде ова, а можби и нашите американски војници да не бидат вклучени во тоа“, рекла Кабрера во телефонската изјава за CNN.

Претставник на американскиот Стерј департмент рекол дека се запознаети со овој и слични извештаи и дека внимателно ја следат ситуацијата.

„Поради доверливост, немаме дополнителни коментари“, додал соговорникот на CNN.

„Повторуваме, американските граѓани не треба да патуваат во Украина поради активниот вооружен конфликт и преследувањата на американските граѓани во Украина од страна на руските владини безбедносни служба и дека американските граѓани треба веднаш да ја напуштат Украина доколку е безбедно тоа да го тоа користејќи секакви коменрцијални или други приватно достапни опции за копнен транспорт“, рекол неименуваниот претставник на Стејт департментот.

Претходно во четвртокот британската влада потврди дека британски државјанин загинал во Украина и соопшти дека властите во Лондон „итно бараат дополнилни информации“ за уште еден британски државјанин.

Уште на самиот почеток од борбените дејствија во Украина, украинското министерството за одбрана формираше специјална единици „Меѓународна легија“ за странски борци во војната против Русија. Според изјавите од Киев, само до 7- ми март оваа бригада вклучува повеќе од 20.000 доброволци и ветерани, а се исклучува користењето на терминот платеници ангажирани преку западни приватни воени компании. Според CNN, со оваа „Легија“, командива генералот Кирило Буданов, командант на украинското воено разузнавање.