Coca-Cola го суспендираше рекламирањето на сите социјални мрежи

Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалаци „Coca-Cola Company“ го прекинува рекламирањето најмалку на 30 дена на социјалните мрежи во заднината на бојкотот објавен на Facebook, се наведува во соопштението на главниот извршен директор Џејмс Квинси објавено на интернет страницата на компанијата.

„Во светот нема место за расизмот и нема место за расизмот на социјалните мрежи. Coca-Cola Company запира со платеното рекламирање на сите платформи на социјалните медиуми ширум светот најмалку 30 дена“, се наведува во писмената изјава на Квинси.

Челникот на „Coca-Cola Company“ додава дека во текот на овој период водството на компанијата ќе ја преиспитува рекламната политика и ќе утврди дали е потребно да се направат промени о неа.

„Очекуваме, исто така, поголема одговорност и транспарентност од нашите партнери меѓу социјалните мрежи“, заклучува Квинси.

Претходно Нациоанлната асоцијација за напредок на обоеното население (NAACP), организацијата за заштита на граѓанските права Color of Change, и организацијата за заштита на човековите права Антидифамациската лига на САД (ADL), како и други организации за човекови права, ги повикаа големите компании да престанат да објавуваат реклами на Facebook во текот на јули, во знак на протест поради отсуството на регулатива за содржините со говор на омраза, расизам и насилство.

Во петокот компанијата „North Face“ објави дека нема да објавува реклами на Facebook поради „објави со омраза, насилство и расизам“ на неговата социјална мрежа. Подоцна и еден од најголемите американски телекомуникациски оператори „Verizon Communications Inc“ му се приклучи на бојкотот откажувајќи ги своите реклами на Facebook и Instagram. Слична изјава во врска со рекламирањето преку Facebook, Instagram Twitter дојде и од компанијата „Unilever“.

Од своја страна, челникот на Facebook, Марк Цукерберг, изјави дека компанијата ќе направи измени во својата политика и ќе говор на омраза во рекламите објавени на социјалната мрежа.