COP26: Домародните народи бараат заштита на 80 отсто од Амазонија

Венецуелецот Грегорио Дијаз Марибал кој ги застапува 3,5 милиони домародци од Јужна Америка, побара во саботата да се заштитат 80 отсто пд Амазонија, ден пред почетокот на конференцијата на Обединетите нации за климата под називот COP26 која ќе се одржи во шкотски Глазгов.

„На COP26 дојдовме за да се ратификува нашиот предлог за тоа 80 отсто од Амазонија да останат во живот“, изјави Дијаз Марибал на прес-конференцијата во Глазгов.

Венецуелецот е челник на Координацијата на организацијата на домародците во басенот на Амазонија (COICA), којашто ги застапува народите на девет држави и територии – Бразил, Боливија, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Перу, Суринам и Француска Гвајана – коишто ги покрива најголемата тропска прашума во светот.

Грегорио Дијаз Мирабал оцени дека „неопходно е потребно да се зачува рамнотежата на Амазонија којашто ја гарантираат 511 (автохтони) народи во деветте земји на амазонскиот басен“.

„Овде сме за да викаме во името на воздухот, водата, шумските суштества и за да добиеме одговори и да ги поттикнеме земјите на дејствување“, додаде Дијаз Мирабал кој е припадник на латиноамериканскиот домароден народ Вакуенаи Куррипако.

Амазонската прашума се простира на 8,4 милиони квадратни километри и во неа се 20 отсто од слатките води на планетата.

Во неодамнешниот разговор за агенцијата AFP, Дијаз Мирабал изјави дека 17 отсто од прашумата веќе се уништени поради вадењето нафта и руди, како и поради загадувањето и крчењето на шумите поради ширењето на земјоделските површини и одгледувањето добиток.

Повика на мобилизација за да се спречи светската „Апокалипса“ поради крчењето на шумите.

На меѓунадодниот состанок на врвот кој ќе трае до 12-ти ноември, во понеделник и во вторник ќе учествуваат повеќе од 120 шефови на држави и влади. Главата задача ќе им биде да ги утврдат обврските за загревањето на планетата да се ограничи на 1,5 Целзиусови степени во однос на прединдустрискиот период.