Covid-19 може да стане блага сезонска болест како настинката

Новата студија на американски научници објавена во списанието Science, предвидува дека вирусот SARS-CoV-2, кој е патоген за болеста Covid-19 со текот на времето ќе станува сѐ помалку заразен и ќе се појавува сезонски, заедно со другите патогени од семејството коронавируси кои предизвикуваат благи настинки.

Меѓутоа, тоа ќе се случи дури откако SARS-CoV-2 ќе стане ендемски вирус, односно кога нема да предизвикува масовни зарази или тешки заболувања, велат научниците од универзитетите Емори и Пен Стејт.

„Кога вирусот ќе дојде во таква ендемска состојба зависи од брзината на неговото ширење и од брзината на вакцинирањето. Значи, потребно е секој да биде подвргнат на вакцинирње што е поскоро можно“, вели за The New York Times главната авторка на студијата, Џени Лавин од Универзитетот Емори.

Ова истражување се заснова на шест човечки коронавируси, од кои четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат само благи симптоми. Другите два, тешкиот актутен респираторен синдром (SARS) и блискоисточниот респираторен синдром (MERS) се појавија во поново време и резултираат со висока смртност но со далеку помала заразност, но ја споделуваат истата генетика како и коронавирусот кој го предизвикува Covid-19.

Научниците сѐ уште проучуваат колку долго траат антителата и другите имунолошки клетки по преболувањето на Covid-19. Досегашните сознанија упатуваат на заклучокот дека имуноста којашто ја блокира заразата е релативно кусотрајна, но затоа отпорноста која ги ублажува сиптомите е долготрајна.

Тоа значи дека едно лице може неколкупати да биде заразено со коронавирусот, но секој нареден пат не би бил сериозен како првиот, што е слично на реакцијата на организмот на обичните настинки.

Кога повеќето луѓе ќе стекнат заштита од Covid-19, без разлика дали е преку природен пат преку инфекција или со вакцинирање, на коронавирусот главно ќе бидат изложени само малите деца, а нивните заболувања се благи. Но без масовно вакцинирање, ќе бидат потребни години и многу мртви за да се оствари тоа, сметаат научниците.

Дури и во случај на појави на нови соеви на SARS-Cov-2, како оние кои во моментов се шират во Велика Британија, Јужноафриканската Република и Бразил, научниците тврдат дека имунитетот стекната од претходните соеви е „доволно силен за да спречи сериозна болест“. Токму како и што е случајот со четирите коронавирусот кои ја предизвикуваат настинката, кај коишто имунитетот ајкне со секое ново заболување.