Црн Дрим се претвори во Син Дрим, граѓаните на Струга бесни (ФОТО)

Во вторникот, коритото на реката Црн Дрим во Струга светна во сина боја, а од Општина Струга објаснуваат дека тоа е во рамки на проектот за осветлување на користото од реката.

Како што велат оттаму, осветлувањето се реализира согласно регулативата за нормативно-техничките стандарди, а додаваат и дека проектот вклучува инсталација на арматура, изработена од нерѓосувачки челик отпорен на корозија.

Сепак, ваквиот потег предизвика бурни реакции во јавноста, а некои предупредуваат дека осветлувањето на реката го менува циркадијалниот на живиот свет во водата.

„Естетски ова е одвратно. Еден значаен речен екосистем личи на базен во хотел во Саранда, од каде е и инспирано ова. Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнителното осветлување го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чуство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење. Да повторам – ружно е и непотребно“, пишува Кирил Пржо на Фејсбук.

Фото: Општина Струга

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.