Црна Гора бара помош од ЕУ за справување со пожарите

Црна Гора побара меѓународна помош во борбата против шумските пожари на Јадранскиот брег кои принудија стотици туристи да бидат евакуирани од камповите.

„Ситуацијата е критична. Министерството за внатрешни работи побара од Европската унија да го активира механизмот за цивилна заштита во справувањето со оганот“, се наведува во соопштението на црногорската влада.

Локалните власти на Котор, Тиват и Херцег Нови побараа од Владата да им се обрати на соседните земји, Хрватска, Босна и Србија да испратат авиони за гаснење на пожарите.

pozar__c_gora__fejsbuk

Огнената стихија се шири поради силниот ветер и топлото време. Шумски пожари се шират и во близина на хрватскиот град Сплит.