Црна Гора: Еден повреден при експлозија во фабрика за оружје

Едно лице се здобило со повреди во  помала експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац во Црна Гора.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, повредена е шефицата на Пиротехничкиот отсек, која се здобила со изгореници на лицето и рацете.

Директорот на фабриката Дејан Марковиќ соопшти дека експлодирал садот со смесата на која работела жената.

„Благодарејќи на мерките за заштита избегнати се потешки последици од овој инцидент. Не е направена ниту поголема материјална штета, затоа што просторијата е максимално обезбедена“, соопшти тој.

Марковиќ уште рече дека полицијата направила увид на местото на експлозијата и оти во тек е истрага за овој инцидент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.