Црна Гора ги чуваше силите за полуфинале, убедлив триумф на Холандија на ЕП

Ракометарките на Холандија славеа убедливо со 42:25 во натпреварот против Црна Гора која веќе обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство.

Црна Гора во овој натпревар ги одмараше најдобрите ракометарки, а во таков состав на Холандија и парираше 20-тина минути кога резултатот беше 11:12. Холанѓаните во тој момент заиграа подобро и поведоа со 21:15 до паузата. Водството во второто полувреме дојде и до 42:25.

Најдобра во редовите на Холандија беше Смитс со седум гола, Јауковиќ постигна 11. Сега Холанѓанките се надеваат на триумф на Франција против Шпанија за да играат за петтото место со што би си обезбедиле и пласман на следното Светско првенство.

Во истиот термин Шведска славеше со 31:27 против Хрватска. Претходно Германија со 32:28 беше подобра од Холандија, а Унгарија ја изненади Словенија со 29:25.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSK

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.