Црна Гора ги легализираше истополовите бракови

Пратениците на дел од владејачката коалиција во Црна Гора поддржани од партиите кои официјално не се во власта СДП и ДЕМПС го усвоија во средата законот за испополово партнерство, за чие исвојјување беше потребен 41мглас од вкупно 81 пратеници во црногорскиот парламент.

Овој закон ни денеска, како ниту пред една година кога не беше усвоен, не го поддржаа четворицата пратеници на малцинските партии, на Хрватската граѓанска иницијатива, Бошњачката партија и Алабанската ФОРЦЕ, кои со Демократската партија на социјалистите и Соцдијалдемократите ја сочинуваат владејачката коалиција во Црна Гора. Против усвојувањето на овој закон беше и поголемиот дел од опозицијата.

Усвоениот закон предвидува истполовите партнери да може да склучуваат брак, да наследуваат едни од други, да имаат заедничка сопственсот, право на наследување пензија и социјално осигутување, посети во болници, заедно да се грижат за деца, но и обврска да се грижат за детото на својот партнер ако нема поблиско семејство. Предлогот не содржи изрична одредба дека може да усвојуваат деца, но дозволува заедничка грижа за деца на еден/една од партнерите/партнерките.

Усвојувањето на законот за животно партнерство на истополивите лица, ЛГБТ организациите во Црна Гора го означија како нивна голема победа, наведувајќи дека е направен историски чекор во бирбата за правата на ЛГБТ лицата во оваа земја.

„Ова е несогледливи придвижување напред за црногорското општество, на особена радост на нашата целокупна заедница“, соопшти ЛГБТИ Форумот прогрес додека од организацијата Queer Montenegro, ги поздравија сите пратеници кои го поддржаа законот порачувајќи им „Историјата ќе ве памети“.

Усвојувањето на законот го поздравија и амбасадите на САД и на Велика Британија, кои веднаш по неговото усвојување на Twitter обајвија дека „ова е историски ден за ЛГБТ заедницата во Црна Гора и многу важен чекор напред за еднаквост и толеранција на сите“.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Twitter напиша дека усвојувањето на законот за животното партнерствоп на лицата од ист пол е потврда дека „црногорското општество созрева“, како и дека тоа е „уште еден чекор на Црна Гора кон друштвото на најразвиените демократии во светот“.

„Потврда дека како општество созреваме, ги прифаќаме и живееме со различностите! Родени слободни и еднакви во достоинство и права!“, наведе Ѓукановиќ.

Црногорискиот премиер Душко Марковиќ се заблагодари ЛГБТИ заедницата на дијалогото и придоносеот, оценувајќи дека во „европска Црна Гора нема и не треба да има место за дискриминација по основа на сексуалната определба“.