Црна Гора ги отвори поглавјата 23 и 24

Црна Гора денеска на Меѓувладината конференција во Брисел ги отвори поглавјата 23 и 24, кои Европската унија ги означи како клучни за европските интеграции на земјата.

„Црна Гора отвори пет нови преговарачки поглавја, вклучувајќи ги клучните поглавја 23 и 24“, објави комесарот за проширување, Штефан Филе на својот „Твитер“ профил.

Тој нагласил дека е важно граѓаните на Црна Гора „веднаш да ги почуствуваат користите“ и дека „акционите планови“ за поглавјата поврзани со владеење на правото да се спроведат во утврдените рокови.

Филе нагласи дека владеењето на правото, темелните слободи и битката против корупцијата сега се ставени во центарот на целокупната постапка која води кон подготовка за членство во Европската унија.