Црна Гора ги забрани литиите и политичките собири

Националното координативно тело (НКТ) за заразни болести на Црна Гора донело нови мерки со кои се забранува верски и политички собири на отворено јавно место. Ова практично ги забранува литиите што се одржуваат повторно низ цела Црна Гора.

Мерките биле донесени поради, како што е објаснето, „зголемување на бројот на активни случаи на Ковид-19, увезени од странство“.

Националното координативно тело на Црна Гора ги донело следниве мерки, објави Владата на Црна Гора на Твитер.

1. Забранети се политички собири на отворени јавни места.

2. Забрането е присуство на гледачи на спортски настани.

3. Забранети се верски собирања на отворено јавно место, освен во областите кои припаѓаат на верските објекти.

4. Погреби само во непосреден круг на семејството, односно најблиските членови.

5. На барање на Кабинетот на Претседателот на Црна Гора, НКТ препорачала да не се организира традиционален прием по повод Денот на државноста оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.