Црна Гора го отвори последното поглавје во преговорите со ЕУ

77

Црна Гора го отвори последното, осмо поглавје во преговорите со Европската унија на Меѓувладината конференција во Брисел, пренесува РТЦГ. Ова е Поглавје 8, кое се занимава со конкуренција.

Коментирајќи го отворањето на Поглавјето 8, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји рече дека тоа е „јасен сигнал за заложбата на Европската унија за Западен Балкан“.

„Задоволен сум што Црна Гора го отвори последното поглавје – Конкуренција во преговорите за пристапување со ЕУ. Ова е јасен сигнал за нашата посветеност кон Западен Балкан и политиката за проширување“, рече Вархеји на Твитер.

Тој исто така истакна дека сега е неопходно да се фокусираме на реформите, особено во областа на владеењето на правото, за Црна Гора да може да напредува на патот кон ЕУ.

Поглавјето на конкуренцијата опфаќа заштита на конкуренцијата и државна помош.

Преговорите во тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политиката за заштита на конкуренцијата, која придонесува за подобрување на економијата, развој и раст на бројот на компании, подобрување на инвестициите во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.