Во Црна Гора, според последните податоци на Централната банка (ЦБЦГ), има 62 милионери – граѓани кои на своите сметки имаат милиони повеќе евра во тамошните банки.
Според податоците од април годинава, бројот на физички лица кои имаат депозит во износ од еден милион и повеќе евра е помал за четири во однос на крајот на минатата година, пренесува „Побједа“.
Како што се наведува, најголем депозит на физичко лице е 10,6 милиони евра.
Законот спречува откривање на лицето кое има најголем депозит, но Централната банка објавила дека граѓанинот не е државјанин на Црна Гора, туку е странец – нерезидент.
Најголем дел од граѓаните имаат од едендо пет милиони евра на нивна сметка – 58 од нив, тројца имаат депозит од пет до 10 милиони, а едно лице има депозит од 10 до 20 милиони евра.