Црна Гора ќе забележи најголем туристички раст во светот

Кризата која што е присутна во последните неколку години во голема мера влијаеше на глобалниот пазар на недвижнини. Но, сепак милиони Британци и понатаму размислуваат за купување на недвижнини во топлите краишта за да им служат како куќи за одмор, но и како извор на заработка, пишува британски „Телеграф“.

Весникот предупредува дека вложувањето во недвижнини во странство секогаш носи ризик, иако многу имоти сега изгледаат многу поатрактивно за вложување за разлика од пред неколку години. „Телеграф“ одвојува дваесетина најинтересни дестинации за купување недвижен имот. Меѓу тие дестинации е и Црна Гора.

Според проценките, Црна Гора ќе забележи најголем туристички раст во светот, што ќе се одрази на цените на недвижнините, а бидејќи пазарот се’ уште е нестабилен, може да се очекува подобар однос на вложеното и добиеното во споредба со Италија и Хрватска.

Дваесетте најинтересни дестинации за купување недвижен имот во 2014-та година се: Барселона, Француското кражјбрежје, Гренада, Тоскана, Турција, Панама, Лигурија, Црна Гора, Зел ам Си, Маурициус, Бразил, Марбела, Дубаи, Алгарве, Менхетн, Барбадос, Швајцарија, Јапонија, Монако и Краков.