Црна Гора лобира за членство во НАТО

Црногорската дипломатија се обидува да го искористи постепеното зголемување на интересот на САД за проширување на НАТО и да издејствува покана на самитот на Алијансата, што ќе се одржи во Велика Британија, пренесе Радио Слободна Европа.

Според медиумите во Подгорица, премиерот Мило Ѓукановиќ се обидува да издејствува средба со американскиот потпретседател Џо Бајден за време на неговиот престој во Вашингтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.