Црна Гора официјално во НАТО

Со предавањето на акредитивите на Соединетите држави, Црна Гора во понеделникот офицјално стана 29-та членка на НАТО, откако документот во Стејт департментот во Вашингтон во името на Црна Гора го предаде министерот за надо ворешни работи Срѓан Дармановиќ.

На свеченоста, којашто директно ја пренесувше ТВ Црна Гора, присуствуваа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заменикот американски државен секретар Томас Шенон и црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

„Ова е историски настан за една земја и народ кои поднесоа огромни жртви во XIX и XX век бранејќи го своето право на слободен живот, правото сам да одлучува за својата иднина, правото светот да нѐ препознава под нашето име и нашето знаме“, изјави Марковиќ.

„Ние денеска го славиме фактот што никогаш повеќе за нас, за нашата држава нема да се одлучува зад нашиот грб, како што тоа многупати се случуваше во минатото“, додаде.

Столтенберг порача дека НАТО е сојуз на демократски држави коишто понекогаш имаат различни политички перспективи, но се обединети околу заедничка цел „да се штитиме едни со други и, доколку е потребно, да се бориме за да се заштитиме едни со други“, Пристапувањето на Црна Гора е добро за државата, за стабилноста на Западен Балкан и миѓународниот мир и безбедност, оцени генералниот секретар.

Томас Шенон изјави дека пристапувањето на Црна Гора е важна порака дека вратите на НАТО се отворени за земјите способни да ги спроведат неопходните реформи.

Процесот на рафитикување на Протоколот за пристапување започна во државите членки во јуни 2016 година, а само два дена потоа првата земја којашто тоа го стори беше Исланд, кој точно пред десет годни беше и првата земја којашто ја призна независноста на Црна Гора.

Црногорскиот парламент го усввои Предлог законот за потврдување на Северноатлантскиот догово на 28 април 2017 година.

Официјалните односи меѓу Црна Гора и НАТО започнаа на 29 ноември 2006 година со повикот Црна Гора да му пристапи на Партнерството за мир, а министрите за надворешени работи на земјите членки на состанокот во Брисел во декември 2015 година донесоа одлука за упатување покана за Црна Гора за полноправно членство во Алијансата.