Црна Гора: Првото соочување на претседателските кандидати без очекуваните тензии

Првото соочување меѓу кандидатите за претседател на Црна Гора, емитувано во четвртокот на тамошниот јавен телевизиски сервис, делумно ги откри стратегиите на коишто ќе се потпрат владејачките и опозициските политичари кои влегоа во изборната трка, додека изостанаа очекуваните тензии меѓу претседателските кандидати.

Актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, кој повторно се кандидираше за функцијата во името на Демократската партија на социјалистите (ДПС), ја продолжи својата проевропска реторика, ветувајќи дека за време на неговиот нов мандат, Црна Гора ќе стане полноправна членка на Европската унија. Исто така, Ѓукановиќ рече дека кога станува збор за регионалната политика, ќе продолжи да одржува добрсоседските односи.

Од друга страна, црногорската јавност беше изненадена од помирливата реторика на кандидатот на просрпскиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ, кој во првиот говор рече дека не е личен непријател на Мило Ѓукановиќ, како и на државноста на Црна Гора, иако со децении го градеше својот политички имиџ како жесток критичар на Ѓукановиќ и неретко со навреди на негова сметка.

Досегашната кампања на Мандиќ се заснова на политиата на помирување на Србите, народот кој тој го преставува и другите заедници кои живеат во Црна Гора, а таа е многу слична на кампањата на Александар Вучиќ во Србија.

Јаков Милатовиќ, кандидат на растечката политичка партија Движење Европа сега, во текот на соочувањето го својот напад го насочи кон Мило Ѓукановиќ, укажувајќи на неговата наводна поврзаност со организираниот криминал и финансиската моќ на семејството Ѓукановиќ. Црногорскиот претседател ги отфрли обвиненијата.
Горан Даниловиќ од просрпски ориентираната партија Уедиедина Црна Гора и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Движењето Европа сега е политичка партија формирана од министри во поранешната влада на Здравко Кривокапиќ, чии одлуки беа значително под влијание на Српската православна црква. Сепак, младите лидери на таа партија, кои во текот на мандатот на таа влада формирана по првиот пораз на ДПС на Ѓукановиќ на изборите во август 2020 година, успеаја да ја покачат минималната плата во Црна Гора од 220 на 450 евра, се обидуваат да изгради имиџ на граѓанска опција. Партијата доби најмногу гласови на локалните избори во Подгорица.

На Ѓукановиќ, Мандиќ и Милатовиќ им се даваат големи шанси да влезат во вториот круг од изборите, а според анкетите на јавното мислење, меѓу кандидатите за вториот круг е и лидерот на Демократска Црна Гора и поранешен претседател на парламентот Алекса Бечиќ. За време на соочувањето, тој својот настап го градеше на граѓанска реторика, нагласувајќи дека е „човек без товар од минатото“ и дека неговата партија ги наследува европските вредности и е поддржана од сите народи кои живеат во Црна Гора.

Методологот Милош Бешиќ за црногорските медиуми изјави дека нема сомнеж оти претседателот на Црна Гора ќе се решава во вториот изборен круг.

„Нема сомнеж дека Ѓукановиќ ќе биде во вториот круг. Она што не го знаеме е кој ќе му биде противник во вториот круг“, рече Бешиќ, посочувајќи дека „можно е Милатовиќ, Мандиќ и Бечиќ да бидат релативно блиски и со многу мала разлика да имате еден од тројцата во вториот круг“.

Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на 19-ти март, додека вториот круг ќе се одржи 14 дена подоцна.

Во трката за претседател учествуваат седум кандидати. Покрај споменатите, на избирачкото ливче уште се и Драгиња Вуксановиќ од СДП, Горан Даниловиќ од просрпската партија Обединета Црна Гора и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.