Црна Гора со над 50 новозаразени, ги ублажува епидемиолошките мерки

Црногорскиот Институт за јавно здравје во неделата потврди 52 нови случаи на коронавирусот, што е најмала бројка на дневно ниво во последните седум дена, кога бројот на потврдените случаи на заразата се движеше меѓу 90 и 100.

Во Црна Гора, откако од средината на јуни започна вториот бран на епидемијата, со коронавирусот се заразија 2.474 лица, од кои 34 починале, а закрепнале 423 пациенти. За споредба, во двата и пол месеца од првиот бран на корона-епидемијата од средината на март до почетокот на мај, во Црна Гора имаше 324 заразени лица од кои девет починаа.

Црногорските здравствени власти во неделата ги ублажија епидемиолошките мерки, го укинаа полицискиот час во општините на северот од земјата, а на угостителските објекти во цела Црна Гора им дозволија да работат до полноќ.

Во петте северни општини до денеска на сила беа строгите мерки кои забрануваа работа на кафулињата и рестораните, забрана на собири на повеќе од две лица, а полицискиот час започнуваше во 19 часот. Бидејќи бројот на заразените во овој регион „стагнира“, здравствените власти одлучија да ги ублажат мерките воведени на почетокот од јули. Ваквиот потег се правда со намерите да се „нормализира животот и во интерес на стопанството“.

На угостителите сега им се дозволува нивните локали во Црна Гора да работат од 6 до 24 часот, што до денеска беше дозволено единствено за локалите на приморјето.
На сила останува задолжителното носење маски за целото население на Црна Гора повозрасно од седум години,

Со новите мерки се дозволува организација на „живите свирки“ во кафулињата и рестораните, но со строги правила кои предвидуваат и дистанца од два метра меѓу музичарите, задолжително носење маски за челновите на групата освен за пејачот и за музичарите кои свират на дувачки инструменти, физичка оддалеченост меѓу бендот и публиката од четири метри, а на гостите им е забрането танцувањето.

Црногорската естрада минатата седмица ја повика владата да дозволи живи настапи, укажувајќи дека со месеци не успеваат да заработат доволно за живот.

Црногорската влада донесе и одлука според којашто од понедечлник на службениците во органите на извршната власт при влегување во зградите на јаванта управа ќе им се мери температурата додека „раководителите на органите на јавната управа се задолќени да не дозволат влез на вработените во службените простории без заштитна маска“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.