Црна Гора со нов рекорден број на заразени и починати од коронавирусот

Црногорските здравствени власти регистрирале во неделата 373 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека 12 лица починале како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, што се рекордни бројки на дневно ниво од почетокот на епидемијата во Црна Гора.

Во земјата моментално има 4.125 активни случаи на заразата, а од коронавирусот вкупно починале 313 лица, иако до почетокот на мај кога поранешната влада ја прогласи Црна Гора за првата „корона фри“ држава во Европа имаше само девет починати случаи, но и тогаш постоеја сомневања во веродостојноста на бројките.

Црна Гора, имено, во текот на првиот бран на епидемијата пријави само 324 инфицирани лица и девет починати, па уште на почетокот на јуни на почетокот од туристичката сезона која е главен извор на приходите, земјата се прогласи за победник над коронавирусот. Сепак, уште кон средината на јуни вирусот се врати и епидмиолозите не успеаја да го контролираат неговото ширење, во прв ред токму поради туристичката сезона и почетокот на политичките кампањи пред парламентарните избори кои се одржаа на 30-ти август.

Од почетокот на епидемијата кон средината на март вкупниот број потврдени случаи на зарази со новиот коронавирус сега изнесува 18.714, што претставува 3 отсто од вкупното население во Црна Гора.

Токму денешниот рекорден ден според бројот заразени и починати беше проселден со ново масовно кршење на епидемиолопките мерки. Имено во текот на погребот на митрополитот Амфилохие, за кој се вели дека бил инфициран со коронавирусот, присуствувале неколку илјади верници од кои многумина не носеле заштитни маски а невозможно било и да се одржува физичкото растојание.

Црногорските епидемиолози како пример за остриот раст на брокот на заразените во сепември и во октомври го припишаа на масовните политички собири кои и тогашната власта и тогашната опозиција ги организираа кон крајот на август пред парламентарните избори. Тогаш беа соопштени процените дека на улиците низ црногорските градови излеле над 100.000 луѓе или четвртина од целото население на Црна Гора.