Црна Гора: Ѓукановиќ ги распиша предвремените избори на 11-ти јуни

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ги распиша во петокот предвремените парламентари избори за 11-ти јуни.

Ѓукановиќ претходно во четвртокот ги распушти парламентот, откако истече рокот од 90 денови коишто мандаторот Миодраг Лекиќ ги имаше за формирање на владата.

„Применувајќи го членот 92 став 5, донесов одлука за распишување избори на 11-ти јуни“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција истакнувајќи дека е убеден оти најдоброто решени за политичката криза е скратување на мандатот на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори.

Мандатот на Миодраг Лекиќ во четвртокот вечерта му истече мандатот за формирањето на 44-та црногорска влада. Тој на почетокот од седмицава ги извести челниците на партиите кои ги предложија за мандатар дека не успеал да го обезбеди потребното мнозинство, како и дека му недостигаат трите гласа од пратениците на Обединетата реформска акција (УРА) на актуелниот технички премиер Дритан Абазовиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.