Црна Гора, засега, нема да ја повлече одлуката за протерување на српскиот амабасадор

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ

Црногорското министерство за надворешни работи, кое сѐ уште е управувано од кадар на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ која на јунските парламентарни избори по речиси три децении ја загуби власта, соопшти во понеделникот дека нема да ја повлече одлуката за прогласување на српскиот амбасадор во Подгорица, Владимир Божовиќ, за непожелна личности, откако еврокомесарот на за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, ја повика оваа земја да го стори тоа откако во неделата тоа го напрви Србија.

Црногорското министерство за надворешни работи наведува во соопштението дека, како и еврокомесарот Оливер Вархеји, ја поздравуваат одлуката на владата на Србија да ја повлече претходно донесената реципрочна мерка и протерувањето на црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милишевиќ, бидејќи за тоа, како што истакнува црногорската дипломатија, „немало причини“. Инаку, ваквата практика на реципрочно протерување на дипломатски преставници е вообичаена, и никогаш не се поврзува со конкретна причина за страната која го возвраќа потегот.

„Амбасадорото Милошевиќ ја претставува својата земја почитувајќи ја Република Србија, немешајќи се во нејзините внатрешни работи…“, тврди црногорското министерство за надворешни работи. „За разлика од него, амбасадорот на Србија, Божовиќ, континуирано се мешаше во внатрешните работи на земајата на приемот доведувајќи ги со своите интерпретации на историјата во пирашање нејзината самостојност и независност“, додаваат од Подгорица.

Црна Гора амбасадорот Божовиќ во саботата доцна попладнето го прогласи „персона нон грата“,Подгорица на српскиот амбасадор му забаележа што Подгоричкото собрани, кое во 1918 година одлучило Црна Гора да ја присоедини на Србија кога е укината црногорската монархија, го нарекол „ослободување“ и „слободна волја“ на црногорскиот народ. Црногроската влада на заминување смета дека тоа собрание било нелегитимно и дека Божовиќ со својата изјава ја „омаловажил државата којашто му дала дипломатско гостопримство“.

Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижи законодавното и претставничко тело Собранието на Црна Гора, кое на 29-ти ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која е укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија присоединета кон Кралството Србија и насилно бил детрониизран кралот Никола Петровиќ Његош.

Неколку часа подоцна во саботата вечерта очекувано со иста мерка возрвати и Србија, прогласувајќи го за непожелна личност црногорскиот амбасадор во Белград. Но во неделата вечерта српската влада еднострано ја повлече реципрочната одлука за протерување на амбасадорот на Црна Гора.

„Конвенциите зе важни, но животот е поважен. Дојде времето за пријателство со Црна Гора“, изјави Брнабиќ пред новинарите по средбата во неделата вечерта со српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ. Најави и дека „веќе вечерва“ еднострано ќе ја повлече својата одлука за протерување на црногорскиот амбасадор, наведувајќи дека за таа одлука се консултирале и со „претставниците на српскиот народ во Црна Гора“ коишто ја поддржале.

Ваквиот потег на Србија го поздрави и европскиот комесар за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји, повикивајќи ја Црна Гора да го стори истото.

Но сѐ уште актуелното водство на црногорската дипломатија порача дека е „зачудена“ од апелот на Вархеји, и го потсетила дека овојпат „пропуиштил, пред изречената сугестија, со пријателите и партнерите во Црна Гора, со кои многупати разговарал за потешки и поделикатни пашања во регионот, барем да ги размени основните информации за мислењето за меритумот на нештата“.

„Веруваме дека и ток, осбнено кога некој доаѓа од Унгарија, земја која има засилен сензибилитет за прашањата од ваков карактер, како политичар и функционер подобро би го разбрал напиот однос кон амбасадорот кој во конинуитет е меша во внатрешните работи и ги повредува националните интереси на земјата на приемот“, се наведува во соопштението на црногорската дипломатија.

Министерството во Подгорица додава и дека „Црна Гора целосно и вистински е псоветена на регионалната соработка и добрососедските односи“.

„Исто така, цврсто сме убедени во исправноста на својата одлука, имајќи предвид дека не можеме да го толерираме понижувањето на црногорското државно и национално достоинство од дипломатските претставници во нашата земја“, заклучува црногорското министерство за надворешни работи.

Во саботата вечерта откако одликата за протерување на поздрави партијата ДПС на Мило Ѓукановиќ, се огласи и лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ чија партија учествува во формирањето на новата влада во Пподгорица, рече дека прогласувањето на амбасадорот на Србија за „персона нон-грата“ во Црна Гора, само го пожакува очајот на режимот во заминување. „Ваков однос на режимот во заминување не е само однос кон Србија, туку првенствено кон српскиот народ во Црна Гора“, напиша Мандиќ на Twitter.

Неговата партија соопшти дека новата влада на Црна Гора, веднаш откако ќе биде формирана, ќе ја поништи оваа одлуика и дека Божовиќ ќе го продолжи својот дипломатски ангажман „во знај на уважување на двете соседни земји и нивнтие бнатамошни соработка на рамноправна основа“.