Црната кампања на СДСМ – светла точка за Град Скопје

Очекувано се случи „народ“ на првиот круг од локалните избори, а предизвикано од таквото манипулирање, без остварување на ниту едно ветување изразено во програмските определби, а со кои програмски определби се излегуваше пред граѓаните со разно-разни ветувања, но не само што програмските платформи не се остварија, но оваа власт предводена од СДСМ, си дозволи да води политики, кои воопшто не беа дел од нивните програмските определби, со што граѓаните воопшто и не беа запознати какви политики ќе води власта на СДСМ, ниту дополнително граѓанството ги дозволуваше ваквите политики на СДСМ.

И не само што граѓаните воопшто и не беа запознавани со тоа какви политики ќе води власта на СДСМ, но во предизборниот процес од вториот круг на гласање, СДСМ не само што ја продолжи својата црна кампања, па во овие моменти истата ја доведе до состојба на неподносливост, но и до состојба на одговорност, како кривична, така и граѓанска, пред се за „читачот“ на информациите:

1. „Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од Бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска, со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич, која патем сеуште е важечка“. Вакво изнесување на податоци е недозволиво, од причина што јавното изнесување на повеќе од два лични податока е казниво со закон. Јавниот интерес не може да најде примена од причина што се загрозува интересот на поединецот, кој како поединец не е прекршител на ниту една јавна одредба, иако со ваквите информации не се потврдува дали станува збор за Даниела или за Данела.

2. „Оваа лична карта на Арсовска е издадена на 05 мај 2017 година, само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“. Ваквиот став на „читачот“ на информацијата целосно е нејасен и истиот на никаков начин не може да се поврзе со цитираните настани, но имајки предвид дека е даден во „платена политичка програма“, секако е поврзан со личноста на кандидатот за Градоначалник на Град Скопје – Данела Арсовска. Со самото тоа, изнесеното самото по себе претставува исклучиво кривично дело поврзано со кривичните дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот, во делот на Повреда на рамноправноста на граѓаните.

3. „Цели 10 години Даниела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди Г-ѓа Арсовска побаравте Бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За Унгарските? За Бугарските? Или за оние на Груевски?“. Иако во неумесната презентација станува збор за Даниела Арсовска, а не за Данела Арсовска, барањето за второ државјанство не е казниво со ниту еден законски текст. Истовремено, „читачот“ на информацијата најверојатно заборава дека токму во Владата на Република Македонија, во овие моменти предводена од СДСМ, има Министер кој говори исклучиво на Англиски јазик. Дали тоа потврдува дека не го познаваат јазикот на Република Македонија? И повторно, најверојатно за „читачот“ на информацијата, а произлезено од ваквиот став кој прифатила да го презентира пред јавноста преку „платена политичка програма“, најверојатно е непознато дека услов за државјанство, меѓу другото е и познавање на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!

4. „Не може Арсовска да се грижи за интересите на Скопјани кога има Бугарско државјанство и е почесен конзул на Република Унгарија (од 23.јуни.2021 год).“ Данела Арсовска не може да се кандидира за градоначалник на Град Скопје доколку не приложи Државјанство на Република Македонија. Дали има или нема друго државјанство, целосно е небитно, битно е поседувањето на Македонско државјанство. И во овој дел прашањето останува исто во делот на реципроцитетот, какви се државјанства поседуваат пратениците, министрите, директорите поставени од страна на СДСМ? Одговорот е небитен, затоа што е битно Македонското државјанство.

5. „Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани. Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот“. Во ваквата презентација, „читачот“ на информацијата не објасни со што Данела Арсовска е инсталација на Груевски и каква тоа инсталација на Груевски е??? Данела Арсовска не е државјанин на друга држава. Данела Арсовска е прифатена од Државната Изборна Комисија за кандидат за избор на Градоначалник на Град Скопје со Македонско државјанство. И на крајот од оваа точка – со кој дел од својата програмска определба Данела Арсовска се протажира себе дека ќе го руши Скопје??? Но, секако ова се прашања кои најверојатно ќе треба да ги одговори пред други институции, а кои на никаков начин нема да бидат поврзани со „платена политичка програма“.

6. „Данела Арсовска со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје“. За државјанството веќе е кажано. Сега за титулата почесен конзул! Почесен конзул претставува именувана и почесна функција и титула. Предвидено е за лицата кои живеат во државата на приемот и во која уживаат углед и доверба. Ова само дополнително потврдува дека Бугарски државјанин во Република Македонија не може да биде именуван за почесен конзул на Република Романија. Истовремено, почесниот конзул ги врши работите најчесто под надзор и упатства на Министерот за надворешни работи или на шефот на надлежното дипломатско-конзуларно претставништво. Во јавните настапи, од позиција на почесен конзул, се однесува согласно насоките на Министерството за надворешни работи. Сето изнесено ги потврдува угледот, честа, довербата, способноста за превземање на дејствија, назначена со титула која е наменета за исклучиво посебна категорија на личности, но го потврдува и државјанството на Данела Арсовска. Спротивно на се` она изречено од страна на „читачот“, неумесно, срамно, но и незаконито, а за кое се одзема и пратеничкиот имунитет во насока на давање на соодветни образложенија, но не во „платена политичка програма“.

Автор: адвокат Стојанче Геровски, магистер по меѓународна политика, за НетПрес