Црногорската струја не може да поминува низ хрватските води

Хрватското министерство за економија и даде до знаење на Подгорица дека предложената траса за реализација на проектот за поврзување на Црна Гора и Италија со подморски електричен кабел нема да биде одобрена, бидејќи поминува низ хрватскиот дел на Јадранот на кој ќе бидат вршени истражувања на нафта и гас.

Хрватска начелно не се противи на поставувањето на подморски електрични водови низ нејзиниот епиконтинентален појас, но предложената траса на подморски електрични водови не може да се одобри се додека не бидат познати границите на концесиските подрачја за експлоатација на јаглен во нејзиниот епиконтинентален појас, е ставот на хрватското Министерство за економија.

Епиконтиненталниот појас на држави кои имаат излез на море го опфаќа оној дел на морското дно во кое крајбрежната држава има ексклузивно право за искористување и истражување на природното богатство.

Од хрватското Министерство за правда повеќе пати и порачале на италијанската компанија „Терна“ дека трасата за подморски кабел може да оди преку Јужен Јадран каде што во тој случај не е потребно одобрување од Хрватска. Претставниците на „Терна“, црнгорската влада и компанијата Црногорски електродистрибутивен систем (ЦГЕС) потпишаа договор за воспоставување ма подморска енергетска интерконекција меѓу Црна Гора и Италија во ноември 2010.