Црногорската тајна служба изминатите години незаконски ги следела опозицијата, новинарите и јавните личности

64

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во саботата соопшти дека црногорската тајна служба под власта на партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ минатите години незаконски ги следела опозициските политичари, новинарите и другите јавни личности, а како налогодавач го означи поранешниот дуректор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Дејан Перунчиќ.

Дритан Абазовиќ, вицпремиер задолжен за безбедносниот сектор, на вонредната прес-конференција во саботата изјави дека информациите кои ги собирала посочената тајна служба завршувале на порталот Udar.me, кој е основан во пресрет на парламентарните избори минатата 2020 година, а последната информација на објавил на 30-ти август, на самиот ден на изборите.

Дејан Перунчиќ, поранешниот директор на Агенција за национална безбедност (АНБ), според Абазовиќ, бил налогодавачот на незаконското следење на политичари, новинари и луѓе од јавната сцена.

„Сведоци сме дека новиот директор на АНБ, Дејан Вукшиќ, пред ноколку дена поднесе кривична пријава поради злоупотреби во АНБ, а кои се во директна поврзаност со незаконските следења на политичари, новинари и други лица, апсолутно спротивно на правилата на службата“, изјави Абазовиќ, истакнувајќи дека тајните информации и податоци кои ги поседува АНБ не се само податоци на државата Црна Гора, туку и на НАТО.

„Решително сме да им се спротиставиме на обидите за делегитимирање или на обидот фрлање секаква дамка на чесните службеници, на луѓето кои чесно сакаат да ја работат својата работа, да ја откриваат вистината, за разлика од оние налогодавачи кои противзаконски наредувале да се следат луѓе од јавната сцена, политичари, новинари и други лица“, соопшти Абазовиќ.

Додаде дека не може да го открие идентитетот на новинарите и медиумите кои незаконски биле следени, бидејќи тоа е предмет на истрагата.

„Обвинителот ја доби документацијата, кога тоа ќе престане да биде тајна, граѓаните ќе ја добијат таа инфорација“, рече потпретседателот на владата на Црна Гора.

Откако беше формирама новата црногорска влада кон средината на декември спроведени се кадровски и во безбедносниот сектор.

На чело на црногорската тајна служба наместо долгогодишниот оперативец Дејан Перунчиќ со децении лојален на претседателот Мило Ѓукановиќ, дојде адвокатот од Котор, Дејан Вукшиќ, кој по само еден месец откри дека службениците на АНБ запалиле голем дел од документацијата којашто се однесувала на незаконското прислушува на јавни личности, како и дека собраните податоци му ги предал на Специјалното обвинителсво за организаран криминал и корупција.

Сменетиот директор на црногорската тајна служба, Дејан Перуничиќ, не сакал за медиумите да ги коментира обвинувањата кои ги изнесе вицепремиерот Абазовиќ, тврдејќи дека ги познава законите „и оти знае што е тајност на податоците“.

Порталот Udar.me, со месеци минатата година објавуваше прилози против новинари, политичари и јавни личности, кои беа неподобрни за поранашената власт, прогласувајќи ги за соработници на странски служби, во прв ред на српските и рускитеи, како и за непријатели на државата.

Од тогашниот Директорат за медиумите на владата на Црна Гора, тогаш на новинарите им објасниле дека немаат информанција кој е основач на порталот Udar.me и дека намаат начини тоа да го откријата.

Овој портал последната информација ја има објавено на 30-ти август на денот на парламентарните избори во Црна Гора, на коишто по 30 години Мило Ѓукановиќ го доживеа првиот изборен пораз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.