Црногорската Влада и СПЦ бараат компромис околу верскиот имот

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ и митрополитот црногорско-приморски Амфилохие денеска разговараа за верскиот имот.

Ова е прв таков состанок откако црногорската Влада го донесе Предлог законот за слобода на вероисповеста, кој беше остро критикуван од Српската православна црква (СПЦ) и предизвика тензии помеѓу Подгорица и Белград.

Кабинетот на Марковиќ соопшти дека на состанокот е договорено да продолжи дијалогот бидејќи Венецијанската комисија на Советот на Европа даде препораки за тој предлог закон.

Владиниот предлог закон подразбира дека сите верски заедници, вклучително и Српската православна црква, мора да докажат дека тие го поседувале црковниот имот пред 1918 година, инаку би бил конфискуван.