Црногорската влада им дели на сиромашните масло и ја ограничува цената на лебот

Црногорската влада ја ограничи во четвртокот цената на белиот леб на 50 евро центи и одлучи 64.000 литри масло за јадење да им подели на сиромашните граѓанио за да се намали ударот врз животниот стандард.

Црна Гора последните денови бележи раст на цените на основите животни продукти, па потрошувачката кошница за четиричлено семејство се зголемила на 656,90 евра, а просечната плата изнесува малку повеќе од 500 евра, пренесуваат подгоричките медиуми.

Денешната владина одлука претставува одговор на остриот скок на цените на основните продукти, со што владата во време на кризата се однесува одговорно, не ги намалува платите и пензиите и помаѓајќи има на социјално загрозените категории од населението, се наведува во соопштението за јавноста на владата на Црна Гора.

Од друга страна, пак, опозицијата вели дека овој потег сао укажува на тешката криза која потсетува на 1990-те.

„Потклекнатата економија, повампиранииот национализам и општата ситуација во земјата, декор кој не потсетува на враќањето во деведесеттите години од минатиот век, кога грашаните во време на санкциите и инфлацијата чекаа во редови за поделба на основите животни намирници“, реагираше Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ која владееше со Црна Гора повеќе од три децении до

Меѓутоа, минатата 2020 година кога на власт беше ДПС на Ѓукановиќ, црногорскиот бруто домашен производ (БДП- падна за 15,2 отсто, што главно се припишуваше на влијанието на пандемијата на коронавирусот врз туризот кој сочинува петтина од националната економија. Според прогнозите на Европската банка за обнова и развој, Црна Гора оваа година би требало да оствари раст од 8,5 отсто.