Црногорската влада ја намали цената за јахтата на Тито

Црногорската влада објави нов тендер за продажбата на јахтата „Јадранка“ која ја користел поранешниот доживотен претседател на некогашна СФРЈ, Јосип Броз Тито, и притоа ја намали цената од 80 на 50 илјади евра.

Црнопгорската влада јахтата „Јадранка“ ја прогласи за непотребна за државните потреби и продажбата ја огласи првапт летото минатата 2018 година.

„Јадранка“, најлускузната јахта којашто Тито ја имал на располагање, е изградена во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Краљевица. Пловилото сега се наоѓа на ткн сув вез во пристаништетпо Бар.

Во јахтата, како што истакнуваат од црногорското министерство за одбрана, вградени се најквалитетните и најлускузните материјали од тој период, од махагони до тиково дрво. Преградите во јахтата, пак, се иработени од специјални челнични легури. Јахтата има три салона за дневен престој на гостите, два апартмана и две помошни кабини за гостите. Има вкупно осум чежаи, а еден од салоните за дневен престој може да прими триесетина гости.

Според црногорските медиуми, Тито со оваа јахта пловел 24 пати. Цената ѝ е намалена, бидејќи првиот тендер не привлекол големо внимание.