Црногорски инспектори организирале сексуални оргии во полициска станица и за сѐ информирале еден од шефовите на „кавачкиот“ клан

Во просториите на полицијата во Котор на 30 јули 2020 година двајца полициски инспектори организирале оргии со две жени, а потоа за тоа го известувале и поранешниот полицаец на Полициската управа Љуба Миловиќ, кој е обвинет дека бил на врвот на озлогласениот кавачки клан, пишува црногорскиот портал Борба.
Црногорски инспектори организирале сексуални оргии во полициска станица и за сѐ информирале еден од шефовите на „кавачкиот“ клан, пишува црногорскиот портал Борба.

Порталот дошол до експлицитни фотографии што се дел од досие што Европол го доставил до надлежните органи за прислушуваните пораки. Како што може да се заклучи од пораките, полициските службеници ги привеле жените и потоа имале сексуални активности со нив.

На фотографиите од полициската станица што ги објави Борба се гледа како полицајци ги допираат жените, се бакнуваат со нив и имаат сексуални активности со една од жените.

Порталот објави и пораки што наводно се и доказ во случајот и кои еден од инспекторите му ги испратил на претходно споменатиот Љуба Миловиќ. „Шоу со неа во канцеларија“, „Е види ја што прави во полициска станица“, пишува во пораките во кои наводно полицајците се фалат со „жешката акција“ во станицата.

„Браво, брате мој“, гласел одговорот од другиот крај.

фото: социјални мрежи

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.