Црногорски министер за надворешни работи: Лавров можеше да дојде со воз до Белград, тоа никој не му го забрани

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ кажа дека забраната за прелет за рускиот министер Сергеј Лавров ги почитувала обврските кои претходно биле преземани.

Кривокапиќ кажа дека е изненаден од бурната реакција од Москва, а притоа кажа дека Лавров можел да дојде во Белград со воз доколку толку сакал да ја посети Србија.

Лавров требаше да го посети Белград, но неговиот лет беше откажан откако Црна Гора, Македонија и Бугарија забранија прелет врз териториите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.