Црноморската флота ќе добие 16 нови бродови

Црноморската флота на Русија ќе биде засилена со 16 бродови што треба да бидат ставени во функција до крајот на 2020 година, информира вицеадмиралот на руската морнарица Игор Осипов.

Според него, пет бродови годинава веќе се во употреба, меѓу кои и патролниот брод „Дмитри Рогачев“, миноловецот „Иван Антонов“, како и три десантни бродови.

Командантот на украинската морнарица, адмиралот Игор Воронченко неодамна потврди дека Русија го зголемува борбениот потенцијал на Црноморската флота и оти на бродовите се инсталирани ракети „калибар“. Воронченко, исто така, рече дека Русија ја зајакнала и противвоздушната одбрана, го зголеми бројот на распоредени противвоздушни системи и ја зголеми авијациската флота со нови борбени авиони и бомбардери.