Цртеж на Да Винчи може да достигне цена од 16 милиони долари

Вредноста на цртежот на мечешка глава кој е потпишан од славниот ренесансен мајстор Леонардо да Винчи на наддавање во јули би можела да го достигне рекордниот износ од 16,7 милиони американски долари, објави во саботата аукциската куќа Christie’s.

„Мечешката глава“, со квадратни димензии од 7 на 7 сантиметри е нацртана во ткн техника на сребрен молив на розе-беж хартија.

Аукциската куќа наведува дека тоа е „еден од помалку од осумте преостанати цртежи на Леонардо кои се наоѓаат во приватна сопственост а не во Британската кралска колекција на уметнички дела и колекциите на Девоншир во Чатсворт“.

Делото ќе биде претставено на наддавањето коешто Christie’s ќе го одржи на 8-ми јули во Лондон, а проценетата вредност е меѓу 11 и 16,7 милиони долари. Сликата ќе биде изложено во Лондон во 1-ви до 6-ти јуни, а цртежот ќе биде изложен во Њујорк и во Хонгконг, пред да биде понудено на продажба.

Бен Хол, виш директор на одделот за старите мајстори во Christie’s во Њујорк го опишува цртежот како „едно од најважните дела на ренесансата коешто сѐ уште е приватна сопственост“. Додава дека „делото било во сопственост на некои од најистакнатите колекционери на старите мајстори низ вековите, но не и сегашниот сопственик кој го поседува од 2008 година“.

Последен пат ова дело на Да Винчи беше изложено во Националната галерија во Лондон, во 2011 и 2012 година, како дел од изложбата посветена на славниот уметникот, вајар, архитект и инженер.

Доколку биде постигната оваа цена, тоа би го надминал изност кој делото на Да Винчи под назив „Коњ и јавач“ во 2001 година е продадено за повеќе од 11 милиони долари, што е рекорден износ за цртеж на италијанскиот ренесансен уметник, истакнуваат од Christie’s.