Црвен крст исплати еднократна парична помош на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово

Црвениот крст продолжува и понатаму да им даде поддршка на семејствата чии членови загинаа во пожарот кој се случи на 08.09.2021 година во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово во кој животот трагично го загубија 15 лица.

-Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија, информираат од Црвениот крст.

Оттаму велат дека со овој хуман чин се искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна