Црвен крст на Град Скопје организира Оскар на хуманоста

Црвен крст на Град Скопје вечерва организира Оскар на хуманоста во ресторан „Парк-ведингс анд ивентс“-Градски парк, со почеток во 20:00 часот.

– На настанот ќе бидат доделени награди за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба, велат од Црвен крст.

Оттаму известуваат дека вчера, по повод 8 мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, хуманитарната организација организирала неколку јавни настани преку кои биле истакнати хуманитарните заложби на поединците во заедницата, кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош.