Црвена ѕвезда и Динамо Загреб се избегнаа до групите од Лигата на шампионите

Нема ништо од потенцијален дуел за влез во групната фаза од Лигата на шампионите помеѓу старите ривали Црвена ѕвезда и Динамо Загреб, а со денешната ждрепка, двата тима ги добија своите можни противници за четвртото квалификациско коло. Ѕвезда ако ја елиминира Омонија, за трета сезона по ред во ЛШ ќе треба да разигрува против Олимпијакос.

Динамо Загреб на Аријан Адеми ако слави на гости кај Ференцварош, во последниот филтер ќе игра со Карабах или Молде.

Двојките за последниот филтер пред влез во групната фаза се: Славија Прага – Митјиланд/Јанг бојс, Макаби Тел Авив/Динамо Брест – Салцбург, Олимпијакос – Омонија/Црвена ѕвезда, Карабах/Молде – Ференцварош/Динамо Загреб, Краснодар – ПАОК/Бенфика, Гент/Рапид Виена – Динамо Киев/АЗ Алкмар.

Првите мечеви се играат на 22 и 23 септември, реваншите една недела подоцна. Пред тоа, на 15 и 16 септември треба да се докомплетира третата рунда во која Динамо на Адеми гостува кај унгарскиот првак, а Ѕвезда гостува на Кипар.