Црвени линии

Тие се плукаат во медиумите, понекогаш се тужат за клевета и навреда, но дотука. Во затвор никој не оди, вклучително и за велепредавството. Инаку Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски одамна ќе бидеа таму со уште една сурија министри…

Фактот дека Љубе Бошковски наместо за велепредавство беше осуден за криминал, покажа дека намерно не се прави дистинкција меѓу едното и другото. Македонскиот Кривичен закон во споредба со минатото не става акцент врз националното и државното, иако во изминатите 25 години Македонија е загрозена пред сè национално и територијално. И најголемиот криминал може само да ја ослаби државата (како пр: Црна Гора, Бугарија, Романија), но и да ја уништат. Наводно бранење на човековите права и борба против криминалот се само повод САД да затвори очи пред најголемиот криминал во современата македонска историја поврзан со трансформацијата на државната сопственост во приватна, како и за криминалот во ембаргото против Југославија, затоа што Киро и Бранко беа „послушни кучиња“. Таков е и европскиот шверцер на цигари Мило Ѓукановиќ, кој повеќе од 20 години практично управува со Црна Гора.

РАЗВОДНУВАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ МЕЃУ КРИМИНАЛ И ПРЕДАВСТВО НЕ Е САМО ШТЕТНО, ТУКУ И КРИТИЧНО ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ЕТЕ ЗОШТО И ТУКА МОРА ДА БИДЕ СТАВЕНА ЦРВЕНА ЛИНИЈА. ПРЕДАВСТВОТО НЕМОЖЕ ДА БИДЕ ИЗЕДНАЧЕНО СО КРИМИНАЛОТ. ПРИТОА, СУГЕСТИИ И ОДЛУКИ ЗА ЕДНОТО И ЗА ДРУГОТО ЌЕ ГИ НОСАТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, А НЕ СТРАНЦИТЕ.

Досега македонските политичари немаат подвлечено црвени линии ниту во однос на претензиите на Грција и на останатите наши соседи, ниту во однос на претензиите на САД и ЕУ, ниту во однос на албанскиот екстремизам. Обратно, и едните и другите и третите одамна ставија црвени линии кон Македонија и според нив непстои ниту македонски народ, ниту македонска држава, ниту македонски јазик. И зашто и во иднина нема шанси политичарите да стават такви црвени линии.

ТОА МОРА ДА СЕ НАПРАВИ ОДДОЛУ НАГОРЕ. ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ИЗЈАВИ КРИТИЧНА МАСА ОД ГРАЃАНИ КОЈА ЌЕ ГИ НАМЕТНЕ ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИ КРИТЕРИУМИ. ТАКВА КРИТИЧНА МАСА ИМА КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, САМО ШТО МОРА ДА СЕ САМООРГАНИЗИРА. СПРОТИВНА Е СОСТОЈБАТА КАЈ ХИБРИДНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, КОЈА ДЕСЕТИЦИТЕ ВИШИ ШКОЛИ ЈА ПРОИЗВЕДУВААТ.

Со една реченица, македонската држава може да биде зачувана само од македонскиот народ и неговата народна интелегенција. Од таа интелегенција, која не се плаши да го изјави отворено својот патриотизам во весниците, електронските медиуми и низ социјалните мрежи. Која не се крие зад иницијалите или прекарот. Притоа, која е спремна да ги брани со директни дејствија против рушителите на македонската држава.

Кога станува збор за антимакедонски и антидржавни елементи мора да се прави разлика меѓу разни социјални кругови. Не треба да бидат користени механички потфати од времето на социјализмот.

ПРВО, поглемиот дел од приврзаниците на СДСМ се во заблуда, затоа мешаат партиски со национални вредности. Во идните месеци, како што пишував, врвот на таа партија  ќе се обиде да го радикализира членството и да го изманипулира, а потоа да ја пласира преку него својата антидржавност.

ВТОРО, приврзаници на опозицијата дури и „шарените“ ставаат бедни, невработени и незгрижени македонски граѓани. Ним им се потфрлаат ситни пари и им се ветува вработување по „победата“, а ојективно им се обезбедува улога на жртви во подготвени судири.

ТРЕТО, лидерите на СДСМ и на „шарените“, странските организатори на пучеви, сакаат да ги придобијат македонските граѓани кои што се разочарани од доминантниот партиски систем. Иронијата е дека создателите на тој систем од 1990 година бараат поддршка од разочараните од тој систем.

Со други зборови, ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРАВАТ ПРЕДАВСТВА ОД ГЛУПОСТ, ЗАБЛУДА, ЗАРАДИ ЕГЗИСТЕНЦИЈА, КАКО И СОСЕМА СМИСЛЕНО ЗАРАДИ ОДРОДУВАЊЕ. Тие предавства не можеме да ги третираме на ист начин. И тука мора да направиме дисктинција и да ставиме црвена линија во однос на закоравените предавници, странски платеници и шпиуни, за кои НЕМА МЕСТО КАЈ НАС.

Од друга страна, самата владејачлка партија мора да направи дистинкција помеѓу ЛОЈАЛНОСТ и ПОСЛУШНОСТ. Наметнатата однадвор криза во Република Македонија се продлабочи не само заради отсуство на црвени линии во ВМРО-ДПМНЕ и во однос кон националните и државни интереси, но и затоа што критериумот за послушност ја избрка лојалноста внатре во партијата и кон државата. Ако нешто ја уништи македонската држава, тоа ќе бидат наводно послушните.

ЗАТОА СИТЕ СПОМНАТИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ ИМААТ ЕДЕН ЕКВИВАЛЕТ – ЛОЈАЛНОСТ: КОН НАРОДОТ, ДРЖАВАТА, ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ, ТРАДИЦИИТЕ.