Црвениот крст на Македонија на семејствата на загинатите граѓани во пожарот во модуларната болница во Тетово ќе додели еднократна помош во висина од 30.000 денари по семејство.
– Длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите и на повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 8 Септември 2021 година. Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство – велат од Црвенниот крст.