Црвениот крст на РМ ќе им додели парична помош во висина од 30.000 денари на семејствата на загинатите граѓани

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредени граѓани во трагичниот настан од автобуската несреќа која се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово.

Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство.

Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани, велат од Црвен крст.