Црвените ѓаволи ќе понудат 62 милиони евра за Единсон Кавани

Откако му стана јасно дека не може да ангажира ниту една квалитетно засилување за време на зимскиот преоден рок, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес своето внимание го насочи кон летниот преоден рок.

Прв на листата со фудбалери кои би требало да се преселат на “Олд Трафорд” од јуни е уругвајскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Единсон Кавани.

Поранешниот напаѓач на Наполи пред пред неколку месеци се пресели во Париз откако двата тима постигнаа договор за побараното обештеување од 62 мил. евра.

Најскапата аквизиција во клупската историја на ПСЖ сепак не ги исполни големите очекувања и се уште е во сенка на шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ кој има постигнато дупло повеќе погодоци од Кавани во актуелната сезона.
Големата желба на Мојес може да стане реалност само доколку понудата на “црвените ѓаволи” за напаѓачот на ПСЖ не биде помала од 62 мил. евра.